Стара нагазна мина пронајдена од деца во источен Авганистан експлодирала додека тие си играле со неа, при што загинаа девет деца, изјави денес портпаролот на талибанците.
Мината, која децата ја пронашле во близина на нивното село во областа Геро во регионот Газни, била поставена пред неколку децении, рече Хамидула Нисар, директор на Одделот за информации и култура на талибанците во Газни.
Тој потврди дека во експлозијата во неделата загинале пет момчиња и четири девојчиња на возраст од пет до десет години.
Авганистан неколку децении беше средиште на војна, но и понатаму е опасен за децата кои собираат старо железо за да го продаваат, со што ги издржуваат своите семејства.
На тој начин, кога ќе наидат на неексплодирани убојни средства, голем број деца ги губат животите или се тешко повредени.