Автомобил влета во толпа во германскиот град Минхен, при што се повредени, најмалку 20 лица, јавуваат локалните власти.
Како што пренесува Билд, неколку лица, меѓу кои и едно дете, се во тешка состојба.
Инцидентот се случил околу 10:30 часот кога возач на автомобил забрзал, а потоа налетал на демонстрантите во Минхен кои се собрале на повик на синдикатот на работниците Верди.
Сведоците опишаа дека виделе луѓе како „плачат и се тресат“ откако возилото удрило во толпата.
Минхенската полиција на социјалната мрежа Х потврди дека неколку лица се повредени во близина на улицата Дахауер, откако автомобил влета во група луѓе.
Возачот е фатен и, според полицијата, не претставува опасност за околината.
Според Билд, се работи за 26-годишен Авганистанец.
Не беше веднаш јасно дали инцидентот бил несреќен случај или возачот намерно влетал во толпата.
Временскиот период на инцидентот ја зголеми загриженоста за безбедноста, додека Минхен се подготвува да пречека десетици светски лидери и министри од повеќе од 60 земји за Минхенската безбедносна конференција што почнува утре.