Посетата на Бајден на Њујорк ја одбележаа протести против војната во Газа / Фото: Reuters

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека Израел ќе ја прекине војната во Газа за време на муслиманскиот пост Рамазан, доколку се постигне договор за ослободување на заложниците.

„Доаѓа Рамазан, а Израелците постигнаа договор дека нема да се вклучат во активности и за време на Рамазан, за да ни дадат време да ги извадиме сите заложници“, рече Бајден во гостувањето во ток-шоуто на Ен-Би-Си.

Бајден, исто така, истакна дека се надева дека ќе се постигне прекин на огнот во Појасот Газа до 4 март.

„Се надевам дека до крајот на викендот...Мојот советник за национална безбедност ми вели дека сме блиску. Блиску сме. Сè уште не е готово. Се надевам дека до следниот понеделник ќе имаме прекин на огнот“, изјави Бајден за време на посетата на кампањата во Њујорк.

AA
Популарни