Белата куќа го поздрави договорот од Истанбул за извоз на житото од Украина     Фото: АА

Белата куќа го поздрави договорот потпишан помеѓу Туркије, Русија, Украина и Обединетите нации (ОН) со цел да се обезбеди безбедна испорака на житарки и храна од Украина.

Координаторот за стратешки комуникации на Советот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби се огласи по повод договорот околу извозот на жито од Украина, кој во Истанбул е потпишан во присуство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш.

„Соединетите Американски Држави го поздравуваат овој чекор. Му се заблагодаруваме на генералниот секретар на ОН Гутереш и на турскиот претседател Ердоган на нивното дипломатско водство во склучување на овој договор“, наведе Кирби.

Истакнувајќи дека успешното спроведување на договорот може да биде можно само со почитување на договорот од страна на Русија, Кирби рече дека внимателно ќе го следи спроведувањето на договорот.

Тони украинско жито задржано е поради руско-украинската војна која почна во февруари, што предизвика недостаток ширум светот и раст на цени.

Русија, обвинеета дека ја користи храната како оружје, смета дека за кризата треба да се обвинуваааат санкциите кои ги воведе Западот.

Турските, украинските, руските и функционерите на ОН минатата недела се согласија да се состанат за да воспостават координационен центар во Истанбул кој ќе управува со извозот на украинските житарки.

AA
Популарни