Според Стејт Департмент, Блинкен „јасно кажал дека Палестинците не можат насилно да бидат раселени“ / Photo: AA

Американскиот државен секретар Антони Блинкен дојде во ненадејна посета на Западниот Брег како дел од неговата блискоисточна турнеја, соопшти во неделата канцеларијата на палестинскиот претседател.

Блинкен се состана со палестинскиот претседател Махмуд Абас за време на неговата посета.

На прес-конференција, портпаролот на американскиот Стејт департмент, Метју Милер, рече дека поради „безбедносни причини“ нема да бидат споделени детали се додека не заврши посетата на Блинкен.

Милер рече дека Блинкен за време на состанокот ја повторил посветеноста на САД за протокот на хуманитарна помош во Газа .

Портпаролот исто така рече дека Блинкен „јасно кажал дека Палестинците не можат насилно да бидат раселени“.

Според Милер, Блинкен и Абас разговарале за „враќање на смиреноста и стабилноста“ на Западниот Брег.

Високиот американски дипломат, исто така, ја потенцирал важноста од „запирање на екстремистичкото насилство врз Палестинците во регионот и држење на одговорност од одговорните“, додаде Милд.

Во меѓувреме, иако посетата на Блинкен не беше најавена, беа организирани протести откако се слушнаа некои гласини.

Демонстрантите протестираа за поддршката на САД за Израел со палење на фотографијата на Блинкен.

AA
Популарни