Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 28.000

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 28.000

67.611 лица се повредени во израелските напади од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство
Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 28.000 / Photo: AA

Најмалку 117 Палестинци се убиени во Појасот Газа во последните 24 часа, со што бројот на загинати во израелските напади врз опколената енклава надмина 28.000, соопшти Министерството за здравство во Газа.

„Израелсксите окупациски сили извршија 16 масакри врз семејства во Појасот Газа, убивајќи 117 лица и повредувајќи 152 лица во текот на изминатите 24 часа“, се вели во соопштението на Министерството.

„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да дојдат до нив“, се додава во ова соопштение.

Израел го нападна Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври. Во нападите се убиени повеќе 28.064 Палестинци, главно жени и деца, а ранети се 67.611 лица.

Офанзивата, исто така, остави 85 отсто од населението на Газа внатрешно раселено поради акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека поголемиот дел од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена.

Меѓународниот суд на правдата во привремената одлука му даде мандат на Израел да спречи геноцидни напади во Газа, но тој продолжи со нападот.

TRT Balkan / агенции
Популарни