Министерот за надворешни работи на Туркије Мевлут Чавушоглу ги отфрли гласините за можен состанок на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и лидерот на режимот во Сирија, Башар ал Асад, на претстојниот самит на Шангајската организација за соработка (SCO) во септември.
Гостувајќи на телевизијата „Хабер Глобал“ (Haber Global) во главниот град Анкара, Чавушоглу ја отфрли можноста за состанок на Ердоган и Асад на самитот на 15 и 16 септември во Самарканд во Узбекистан, додавајќи дека Асад „не е поканет“ на тој настан.
Чавушоглу исто така потенцираше дека мора да се преземат чекори за траен мир во Сирија, додавајќи дека режимот не треба опозицијата да ја доживува како терористи.
„Туркије од самиот почеток рече дека најважниот процес е политичкиот“, рече Чавушоглу.
Шефот на турската дипломатија додаде дека Туркије во Сирија ја следи политиката „ориентирана на резултати“, истакнувајќи ја важноста на територијалниот интегритет на земјата и потребата да се елиминираат терористичките организации.