Генералното собрание на Обединетите нации денеска ги избра Грција, Данска, Пакистан, Панама и Сомалија за нови непостојани членки на Советот за безбедност на ОН чиј двогодишен мандат ќе започне на 1 јануари 2025 година.
Советот за безбедност е единственото тело на ОН што може да носи правно обврзувачки одлуки како што се воведување санкции и одобрување употреба на сила, а има пет постојани членки со право на вето - Велика Британија, Кина, Франција, Русија и САД.
Останатите 10 членови се избираат на Генералното собрание, со избирање на пет секоја година.
Данска, Грција, Пакистан, Панама и Сомалија ќе ги заменат Еквадор, Јапонија, Малта, Швајцарија и Мозамбик во Советот за безбедност на ОН.
За да се обезбеди географска застапеност, местата се доделуваат на регионалните групи, но дури и ако кандидатите во нивната група се кандидираат без против, тие сепак мора да добијат поддршка од повеќе од две третини од Генералното собрание.