Вулканот од минатата недела секој ден исфрла густа кафеава пепел до 2.000 метри во воздухот / Фото: AFP

Најмалку девет луѓе загинаа во вулканска експлозија што се случи на индонезискиот остров Флорес.

Вулканската ерупција се случи на планината Левотоби Лаки Лаки, лоцирана на Флорес, соопшти Националната агенција за управување со катастрофи.

Неколку куќи, вклучително и еден манастир, изгореа во блиското село до кое по ерупцијата се спуштија потоци лава.

Властите известија дека осум лица, меѓу кои и една калуѓерка, ги загубиле животите, додека едно лице се води како исчезнато.

Вулканот од минатата недела секој ден исфрла густа кафеава пепел до 2.000 метри во воздухот.

Во Индонезија, која се наоѓа во појасот на „Пацифичкиот огнен прстен“ на земјотреси и вулкани, има околу 130 активни вулкани.

AA
Популарни