За првпат во историјата на Данска, две лица се обвинети за непочитување на муслиманската света книга Куранот, при што несоодветно постапувале со религиозен текст, соопштија обвинителите денес.
„Јавното обвинителство во Копенхаген подигна прв случај за прекршување на член 110е(2) од Кривичниот законик на Данска за несоодветно постапување со религиозен текст“, се наведува во соопштението на Обвинителството.
Обвиненијата се поднесени откако министерот за правда на Данска ја одобри препораката за продолжување со случајот, се додава во соопштението.
Според обвинителите, инцидентот се случил на 15 јуни 2024 година, за време на Народниот фестивал на островот Борнхолм.
Осомничени се поради злоупотреба на Куранот во шатор, јавно и со намера да го споделат чинот со поширока јавност.
„Нашата проценка е дека во врска со настанот за време на Народниот фестивал, се случило несоодветно постапување со Куранот и тоа се случило јавно, бидејќи настанот го следеле голем број луѓе, а исто така бил снимен и пренесуван во живо преку Фејсбук“, стои во изјавата.
Јавната обвинителка Лисе-Лоте Нилас потврди дека за осомничените е побарана парична казна.
Случајот е поднесен до Судот на Борнхолм за закажување на рочиште, но датумот за судењето сè уште не е утврден.