Судирите, често екстремно брутални, се вообичаени во еквадорските затвори     Фото: Ројтерс

Во бунт во затвор во Еквадор, најмалку 13 затвореници се убиени, а двајца се повредени, објави во понеделник управата задолжена за затворите.

Инцидентот се случил во затворот Белависта во Санто Доминго, кој се наоѓа на 70 километри југозападно од главниот град на Еквадор Кито, каде во мај годинава во сличен инцидент беа убиени 44 затвореници.

Министерот за внатрешни работи на Еквадор, Патрисио Кариљо, рече дека полицијата работи „на контрола на затворот“ и изрази жалење за страдањата на затворениците. Обвинителството соопшти дека покренало истрага за инцидентот.

Претседателот на Еквадор Гиљермо Ласо не се изјасни за трагичниот настан, но во минатото ги обвини судиите дека ја ограничуваат способноста на земјата да се бори против насилството со ограничување на 60-дневната вонредна состојба во затворскиот систем што беше прогласена кон крајот на септември минатата година. Вонредната состојба имаше за цел да ја зајакне контролата со воена помош.

Судирите, често екстремно брутални, се вообичаени во еквадорските затвори, каде што од февруари 2021 година умреле околу 400 затвореници во услови на зголемено насилство меѓу бандите за шверц на дрога кои водат борба за власт во и надвор од еквадорските затвори.

AA
Популарни