Ердоган во четвртокот рече дека е јасно колку е важен договорот за глобалното снабдување со храна и безбедност.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека е постигнат договор за продолжување на иницијативата за жито во Црното Море за 120 дена.

Ердоган во четвртокот рече дека е јасно колку е важен договорот за глобалното снабдување со храна и безбедност.

Ердоган му се заблагодари на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, руските и украинските лидери за нивната подготвеност да го продолжат договорот и им честиташе на вклучените.

Претходно, украинскиот претседател Владимир Зеленски го најави продолжувањето, додавајќи дека Гутереш и Ердоган „донесоа клучна одлука во глобалната борба против кризата со храната“.

Украинското Министерство за инфраструктура соопшти дека „одлуката е донесена во Истанбул“ и дека „Обединетите нации и Туркије остануваат гаранти на иницијативата“.

Првичниот договор постигнат во јули помогна да се спречи глобалната прехранбена криза со тоа што дозволи извоз на храна и ѓубрива од неколку украински пристаништа на Црното Море кои беа блокирани од Русија.

Туркије, ОН, Русија и Украина потпишаа договор на 22 јули во Истанбул за обновување на извозот на жито од трите украински пристаништа на Црното Море, кој беше прекинат по почетокот на руско-украинската војна во февруари.

Страните преговараа за можно продолжување и проширување надвор од планираното истекување во сабота, 19 ноември, при што Ердоган рече дека Анкара е решена да ги достави руското жито и ѓубрива во помалку развиените земји.

TRT Balkan / агенции
Популарни