Претседателот на Туркије Реџеп Таип Ердоган присуствуваше на предизборен митинг во Мардин / Photo: AA

Палестинскиот народ е сведок на силната поддршка што Туркије ја дава на палестинската борба. И овој Рамазан муслиманите се тажни поради бројните конфликти порача денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на митингот во Мардин во рамки на кампањата за локалните избори на 31 март.

„За жал, болка, драма и нестабилност владеат насекаде околу нас. Нашиот сосед Сирија копнее по мир и спокојство веќе 13 години. Етничките и секташките тензии продолжуваат во нашиот друг сосед Ирак. Крвавата војна меѓу Русија и Украина влезе во третата година. Дополнително на ова, од октомври се додадени и бруталните напади на терористичката држава Израел врз Газа“, рече Ердоган.

Тој посочи дека Туркије е една од земјите која од првиот ден и дава најголема поддршка на Палестина и најостра реакција против Израел.

Ердоган додаде дека Туркије со бродови и авиони испратила повеќе од 40.000 тони хуманитарна помош во Појасот Газа.

Претседателот Ердоган потсети и дека повеќе од 900 болни од рак и ранети Палестинци и нивните семејства се донесени на лекување во Туркије.

„За силната турска поддршка за палестинската борба сведочат нашите палестински браќа. Иако некои меѓу нас не знаат, угнетениот народ на Газа многу добро го знае правилниот и прониклив став на Таип Ердоган. Оваа борба на нашите палестински браќа за права и правда не ја откривме на 7 октомври. Ние сме во оваа борба уште од нашата младост“, рече Ердоган.

Тој истакна дека ја бранел Палестина и ја поддржува палестинската кауза во секоја фаза од својот полувековен политички живот.

TRT Balkan / агенции
Популарни