Ердоган посочи дека од почетокот на конфликтот Туркије испратила повеќе од 200 тони помош во Газа / Photo: AA

Израелските напади врз Газа одамна ја надминаа секоја граница на самоодбрана и се претворија во отворено насилство, масакр и варварство, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Никој не треба да очекува од нас да молчиме додека пред наши очи се вршат злосторства“, рече Ердоган на состанокот во турската престолнина Анкара.

Тој остро ја критикуваше и Европската унија поради неуспехот да се заложи за прекин на огнот во Газа.

„Уште колку деца треба да умрат за Европската комисија да повика на прекин на огнот?“, рече Ердоган и продолжи со остри критики за неефикасноста на Советот за безбедност на ОН:

„Уште колку бомби треба да паднат врз Газа пред да преземе акција Советот за безбедност на Обединетите нации?

Портпаролот на Европската комисија Петер Стано во средата изјави дека ЕУ не повикала на прекин на огнот поради нападите на палестинската група Хамас.

„Оние кои донесуваат судови за човековите права и слободи го игнорираат правото на живот на угнетените во Газа“, рече Ердоган.

Тој посочи дека од почетокот на конфликтот пред речиси три недели, Туркије испратила повеќе од 200 тони помош во Газа преку Египет.

Во последниве денови, Израел дозволи да се достави одредена помош во Газа, но многу помалку отколку што е потребна за нејзините 2,3 милиони жители.

Израел ја бомбардира Газа по ненадејниот напад на Хамас на 7. октомври и ја стави целата енклава под блокада, оставајќи ги нејзините 2,3 милиони жители со малку храна, вода, гориво и медицински материјали.

Во конфликтот загинаа најмалку 7.028 Палестинци, меѓу кои 2.913 деца, 1.709 жени и 397 постари лица.

Од друга страна, 1.400 Израелци загинаа во конфликтите.

AA
Популарни