И во Хелсинки, исто така, се очекува температурите да се движат меѓу минус 15 и минус 20 степени оваа недела / Photo: AA

Во изминатите неколку дена Финска забележа рекордни температури, кои во петокот во некои региони паднаа и до 20 степени под нулата.

Врнежи од снег и многу студено време се забележани во оваа нордиска земја, вклучувајќи го и главниот град Хелсинки.

Финска и Шведска во вторникот ги забележаа своите најниски зимски температури, при што живата во термометрите падна на минус 40 степени Целзиусови, како последица на студениот бран што го погоди нордискиот регион.

Во Финска рекордно студено време оваа зима е забележано во северозападниот град Иливиеска, каде во вторник наутро температурите се спуштиле до минус 37,8 степени Целзиусови.

Температури под минус 30 степени се забележани на неколку локации во регионот на Арктичката Лапонија. Главниот град на Финска, Хелсинки, исто така е под мраз, а температурите се очекува да се движат меѓу минус 15 и минус 20 степени оваа недела.

Финскиот метеоролошки институт издаде предупредување за значително студено време кое ќе преовладува во земјата оваа недела, а прогнозираните температури најверојатно ќе надминат минус 40 Целзиусови степени во делови од земјата.


AA
Популарни