Франција и Италија купуваат околу 700 ракети Астер / Photo: Eurosam

Франција и Италија се договорија да купат речиси 700 противвоздушни ракети со среден дострел Астер од „Еуросам“.

На 30 декември двете земји испратија договор до Франко-италијанскиот конзорциум „Еуросам“ за производство на околу 700 ракети Астер, соопшти француското Министерство за надворешни работи.

Според договорот, Италија и Франција ќе ги добијат ракетите Астер 15, Астер 30Б1 и најновата верзија Астер 30 Б1НТ.

Министерството истакна дека ова е една од најголемите нарачки од ваков вид, додавајќи дека тоа ќе наметне прилагодување на целиот индустриски синџир.

TRT Balkan / агенции
Популарни