Во последните 24 часа загинаа 34 лица, а 68 се повредени. / Photo: AA

Во израелските напади врз Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, утринава загинаа седум члена од исто семејство.

Најмалку 20 лица се убиени во нападите во текот на ноќта врз станбени згради, соопшти Министерството за здравство во Газа.

Наводите не можеа независно да се проверат, а израелскиот претставник не сакаше да одговори без да ги прецизира точните координати на нападот, наведува ДПА.

Во последните 24 часа загинаа 34 лица, а 68 се повредени.

Министерството за здравство на Газа објави дека 34.488 Палестинци загинале, а 77.643 се ранети од почетокот на војната во Газа на 7 октомври.

AA
Популарни