Граѓаните на Унгарија искажаа особена почит кон Ердоган / Photo: AA

Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, вчера ја посети Унгарија, каде што во главниот град Будимпешта се сретна со премиерот на оваа земја, Виктор Орбан.

Посетата на Ердоган на Унгарија привлече големо внимание кај граѓаните на оваа земја, кои изразија длабока почит и симпатии кон него.

Претседателот на Туркије за време на посетата се поздравуваше и се ракуваше со бројните граѓани кои го пречекаа во Будимпешта.

Средбата меѓу двајцата лидери се одржа зад затворени врати, а Ердоган и Орбан разговараа за сите аспекти на билатералните односи, како и за регионални и меѓународни прашања. На средбата станало збор и за процесот за приклучување на Туркије во Европската Унија (ЕУ).

Ердоган и Орбан одржаа и средба на ниво на делегации на двете земји.

Претседателот на Туркије пристигна во Будимпешта на покана на унгарскиот премиер Орбан по повод одбележувањето на Денот на формирањето на Унгарија.

Односите меѓу Туркије и Унгарија беа подигнати на ниво на стратешко партнерство во 2013 година по формирањето на Советот за стратешка соработка на високо ниво. Пријателските односи во последните години зајакнаа на сите полиња.

Овој декември двете држави треба да ја прослават 100-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи.

TRT Balkan / агенции
Популарни