Грција продолжува со попречување на турските авиони     Фото: АА

Турските авиони кои учествуваа во мисијата на НАТО над Егејско море ги пресретнаа грчки авиони Ф-16 и ги попречуваа во спроведувањето на мисијата.

Неименуван извор од Министерството за одбрана на Република Туркије, соопшти дека два турски авиони се попречувани во текот на летот. Грчките авиони ги пресретнаа турските авиони и го заклучија својот радар на нив, а турската страна адекватно одговори со полна сила.

Ова е втор пат оваа недела грчки авиони да го заклучат својот радар на турските авиони во мисиите на НАТО.

Во вторкиот сличен инцидент се случи над источниот Медитеран. Туркије тоа им го пренесе на властите на НАТО, а грчкиот воен атеше е повикан во Министерството за национална одбрана на Туркије.

„Грција и понатаму упорно ги цели мисиите на НАТО за да ги зголеми тензиите, а најновиот инцидент на вознемирување докажува дека Грција плански изведува такви потези“, наведоа од Министерството за национална одбрана на Туркије.

Истиот извор рече дека ваквото однесување апсолутно е неспоиво со духот на НАТО сојузот и дека доведува до опасност во летањето.

TRT Balkan / агенции
Популарни