Бандите во Хаити продолжуваат да се активни, и покрај операциите на безбедносните сили.       Фото: Ројтерс

Во тековните судири меѓу криминалните организации што се случуваат во карипската земја Хаити, од минатата недела досега животот го загубија 89 лица.

Според веста објавена во локалните медиуми, невладината организација „Национална мрежа за одбрана на човековите права“ (Rnddh) информирала дека голем број луѓе загинале во тековните судири меѓу бандите во земјата кои траат веќе извесен период.

Невладината организација соопшти дека досега во судирите загинале 89 лица, а 16 се водат како исчезнати.

Информирајќи дека 127 куќи се уништени во борбата меѓу бандите Г9 и Г-Пеп во областа Сите-Солеил во главниот град Порт-о-Пренс за контрола на подрачјето, невладината организација соопшти дека Националната полиција на Хаити не интервенирала во настаните.

Тековниот бран на насилство во регионот започна еден ден по годишнината од убиството на 53-годишниот претседател на Хаити, Жовенел Моиз, од страна на вооружени лица на 7 јули 2021 година.

По убиството на Моиз, бандите се борат за воспоставување контрола врз териториите во земјата.

Илјадници луѓе ги напуштија своите домови

Интегрираната канцеларија на Обединетите нации во Хаити (BINUH) соопшти дека 16.500 луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови поради зголеменото насилство во земјата од 2021 година.

Според Центарот за анализа и истражување за човековите права на Хаити (CARDH), над 20.000 луѓе ги напуштиле своите домови поради насилство. Од друга страна, во периодот април - јуни оваа година, 326 лица се киднапирани во различни делови на земјата.

Бандите во Хаити продолжуваат да се активни, и покрај операциите на безбедносните сили.

Безбедносните проблеми во Хаити уште повеќе се влошија по смртта на претседателот Жовенел Моис кој го загуби животот во атентатот што вооружени лица го изведоа врз неговиот дом на 7 јули 2021 година.

AA
Популарни