Хамас ги повика посредниците да интервенираат за да се стави крај на манипулациите и злосторствата на Нетанјаху / Photo: AA

Палестинската група на отпорот Хамас вчера го обвини израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека ги блокира напорите за постигнување договор за прекин на огнот во Појасот Газа.

„Хамас покажа флексибилност во постигнувањето договор за запирање на израелската агресија, а Нетанјаху поставува сѐ повеќе и повеќе пречки за преговорите, ги зголемува агресијата и злосторствата против нашиот народ и ги интензивира своите обиди за насилно раселување со цел да ги спречи сите напори за постигнување договор“, се вели во соопштението на Хамас.

Хамас ги повика посредниците да интервенираат за да се стави крај на „манипулациите и злосторствата на Нетанјаху“, а меѓународната заедница и Обединетите нации (ОН) да ги преземат своите правни и хуманитарни одговорности за да го запрат „злосторството геноцид врз Палестинците во Газа“.

Директорот на ЦИА Вилијам Брнс и Ронен Бар, шефот на израелската безбедносна служба Шин Бет, пристигнаа в во Египет за да разговараат за прекин на огнот во Газа и за договор за размена на затвореници меѓу Тел Авив и Хамас.

Соединетите Американски Држави, Катар и Египет посредуваат во повеќемесечните преговори за договор меѓу Израел и Хамас за размена на заробеници и прекин на огнот, но досега не се постигна тоа.

Во израелските напади од 7 октомври минатата година во Појасот Газа се убиени речиси 38.200 Палестинци, а повеќе од 87.900 лица се повредени.

Во повеќе од осум месеци израелски напади големи делови од Појасот Газа се во урнатини, а постои блокада за доставување храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, со чија последна пресуда му се нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине својата воена операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од војната.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.

AA
Популарни