Ирскиот премиер Сајмон Харис денес пристигна во официјална посета на главниот украински град Киев.
Ирската радио-телевизија (РТЕ) сподели видео од пристигнувањето на премиерот на железничката станица Киев-Пасажирски, каде што беше пречекан од украинските власти. Видеото е споделено од повеќе украински медиуми, вклучително и РБЦ-Украине, цитирајќи ја РТЕ.
Вчера ирската Влада објави дека Харис ќе го посети Киев за да одржи билатерална средба со украинскиот претседател Владимир Зеленски.
Се очекува двајцата лидери да разговараат за војната на Русија против Украина, поддршката на ЕУ за Украина, нејзиниот пат кон членство во ЕУ, билатералните односи и помошта на Ирска за поддршка на Украина, се вели во соопштението на Владата.
Се додава дека Харис и Зеленски ќе потпишат и договор за билатерална поддршка и соработка.