Јужните предградија се под редовни израелски напади / Фото: Reuters

Израел во средата наутро изврши серија воздушни напади врз области во јужното предградие на Бејрут, јави либанската државна новинска агенција ННА.

Цел на воздушните напади беа областите Харет Хреик, Бир ал-Абед, Лејлаки и Гобеири. Погоден е и медицинскиот центар Дар Ел-Хавра во Харет Хреик.

Јужните предградија, особено населбата Харет Хреик, е под редовни израелски напади од октомври годинава.

Израел ја засили воздушна кампања во Либан кон крајот на септември против, како што тврди, цели на Хезболах, како ескалација од едногодишната прекугранична војна од почетокот на офанзивата врз Појасот Газа на 7 октомври 2023 година.

Речиси 3.300 луѓе се убиени, а над 14.200 повредени во израелските напади од октомври минатата година, според либанските здравствени власти.

Израел на 1 октомври годинава започна копнена инвазија во јужен Либан.

Нападите принудија повеќе од 1 милион луѓе да ги напуштат своите домови, а населението има потреба од хуманитарна помош.

AA
Популарни