Од вкупниот број убиени војници, 247 загинале за време на копнената инвазија / Photo: AA

Израелската армија денеска соопшти дека уште еден израелски војник загинал, а 13 се ранети во судирите во Појасот Газа.

Во соопштението на Армијата обвинета за геноцид врз Појасот Газа, се наведува дека 21-годишниот израелски војник Давид Сасон е убиен во судирите на југот на Појасот Газа. Во истите судири биле ранети 13 израелски војници, од кои шест потешко.

Во соопштението се додава дека ранетите војници се префрлени во болница, а информирани се и нивните семејства.

Израелската армија соопшти дека од 7 октомври 2023 година, кога почнаа нападите врз Појасот Газа, загинале 587 војници, од кои 247 за време на копнената инвазија.

Бројот на повредени војници се искачи на 3.053 офицери и војници, вклучувајќи 1.467 од почетокот на копнениот напад, покажуваат податоците на армијата.

AA
Популарни