Во објавите на Кралската канадска коњичка полиција (RCMP) на социјалните мрежи, се наведува дека е издаден „аларм за опасни лица“ за пронаоѓање на осомничените.       Фото: АА

Во соопштението на единицата на Саскачеван на Кралската канадска коњичка полиција (RCMP) објавена на социјалните мрежи се наведува дека во недела наутро Демиен Сандерсон (31) и Мајлс Сандерсон (30), за кои се смета дека се браќа, со ножеви нападнале луѓе на 13 места, почнувајќи од регионот Џејмс Смит Кри Нејшн и градот Велдон.

Ронда Блекмор, портпаролот на Кралската канадска коњичка полиција (RCMP) на прес-конференција во Реџајна, главниот град на државата истакна:

„Според првичните утврдувања, 10 лица загинаа во нападите, а 15 повредени лица се пренесени во болници. Мислиме дека можеби има и повредени кои со свои средства се отидени во болниците. Она што се случи денес во нашата држава е страшно. Дозволете ми да бидам искрен, сѐ уште ги бараме двајцата осомничени. Ги молиме жителите на Саскачеван и соседните држави да бидат претпазливи.“

Очевидците на настанот истакнаа дека со хеликоптери на брза помош реализирани се 3 транспорти на повредени во Џејмс Смит Кри Нејшн.

Кралската канадска коњичка полиција (RCMP) и локалните полициски сили побараа од јавноста да биде внимателна и да не излегува надвор освен ако доколку тоа не е потребно.

„Останете на безбедно место. Бидете внимателни кога дозволувате други лица да влезат во вашиот дом. Не се доближувајте на сомнителни лица. Доколку возите, не застанувајте на автостопери“, порача Кралската канадска коњичка полиција (RCMP).

Во објавите на Кралската канадска коњичка полиција (RCMP) на социјалните мрежи, се наведува дека е издаден „аларм за опасни лица“ за пронаоѓање на осомничените.

Исто така побарано е предупредувањето да се прошири и на провинциите Манитоба и Алберта, бидејќи осомничените се во бегство.

AA
Популарни