Според најновите информации, најмалку 900 лица загинаа во земјотресот со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала што го погоди источен Авганистан.
Авганистанските власти велат дека бројот на жртвите може да се зголеми бидејќи десетици луѓе се во критична состојба.Новинската агенција Бахтар јави дека земјотресот ги погодил провинциите Хост и Пактика, а повредени се 595 лица.
„Имам застрашувачки податоци од провинцијата Пактика, каде што стотици луѓе загинаа и беа повредени во разорниот земјотрес. Уништени се домови, а луѓето се под урнатините“, рече Калид Задран, портпарол на полицијата во Кабул, во објава на Твитер.
Тој додаде дека на местото на настанот пристигнале спасувачки екипи од Кабул и дека спасувачките операции се во тек.
„Сите хуманитарни организации треба да ја насочат својата помош кон Пактика“, рече Задар.
Талибанските власти повикаа на помош во областите погодени од земјотресот.
Извор: АА