Најмалку 38 лица загинаа откако избувна пожар во фабрика во кинеската провинција Хенан

Најмалку 38 лица загинаа откако избувна пожар во фабрика во кинеската провинција Хенан. Две лица се повредени.

Јавната телевизија CGTN објави дека во понеделникот попладне избувнал пожар во фабрика во градот Ањанг. Пожарот беше ставен под контрола во понеделникот вечерта, а целосно изгаснат околу полноќ. Во акцијата за гаснење учествувале 63 возила и 240 пожарникари. Истрагата за овој случај е во тек.

TRT Balkan / агенции
Популарни