Законот одредува санкции против странски лица кои го поткопуваат Дејтонскиот мировен договор      Фото: Ројтерс

Претставничкиот дом на Конгресот на САД усвои закон за спречување на дестабилизирачки активности во Босна и Херцеговина.

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои предлог-закон за потврдување на Дејтонскиот мировен договор во Босна и Херцеговина преку санкции, со цел да се одвратат дестабилизирачките активности во Босна и Херцеговина.

Законот одредува санкции против странски лица кои го поткопуваат Дејтонскиот мировен договор или на друг начин ја загрозуваат стабилноста на Босна и Херцеговина.

Конгресменката Ен Вагнер, заменик член на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом, која го предложи законот, зборуваше откако Домот го усвои законот.

„Регионот Св. Луис е дом на најголемата босанска заедница надвор од Босна и Херцеговина. Оваа локална заедница беше силен партнер и тесно соработував со нив за да се осигураме дека ги имаме потребните механизми за справување со корупцијата во Босна и Херцеговина“, рече таа и додаде:

„Босанците и Херцеговците страдаат поради директната акција на политичарите кои непромислено сеат поделби во Босна и Херцеговина, често со целосна поддршка на Русија. Овој закон ќе го заштити Дејтонскиот договор, ќе го зачува деценискиот напредок постигнат по ужасната војна во Босна и ќе испрати јасна порака дека Соединетите Американски Држави поддржуваат мирна, обединета и побезбедна БиХ. Се надевам дека Сенатот ќе преземе итни мерки за усвојување на овој закон за да можеме да им помогнеме на Босанците и Херцеговците да спречат опасна политичка криза“, рече конгресменката Вагнер.

AA
Популарни