Конституиран новиот состав на Парламентот на Црна Гора / Photo: AA

Во Подгорица денеска се одржа конститутивната седница на новото свикување на Парламентот на Црна Гора со која и официјално го означи почетокот на мандатот на новоизбраните пратеници.

На конститутивната седница на која присуствуваа највисоките државни функционери, претседатели на судови, раководители и претставници на други институции, беше усвоен извештајот на Државната изборна комисија за парламентарните избори одржани на 11 јуни, по што седницата беше прекината.

Иако на дневен ред денеска требаше да се изберат претседател на Собранието, потпретседатели и претседател и членови на Управниот одбор, тоа не се случи, бидејќи договорот за формирање на новата влада се уште не е постигнат.

До изборот на претседател на Собранието, со конститутивната седница претседава најстариот пратеник, кому во работата му помагаат најмладиот пратеник и генералниот секретар на парламентот. Најстар пратеник во новото свикување е Милан Лекиќ од коалицијата За иднината на Црна Гора, а најмлад пратеник е Мирко Ѓукиќ од Движењето Европа сега.

Во новото свикување на Собранието, листата „Движење Европа“ сега ќе има 24 претставници, а коалицијата „Заедно“ собрана околу Демократската партија на социјалистите ќе има 21 пратеник. Коалицијата за иднината на Црна Гора ќе има 13 пратеници, Листата „Храбро се броиј“ ќе има 11, а Бошњачката партија шест.

Коалицијата на Социјалистичката народна партија и Демос и Албанскиот форум ќе имаат по двајца претставници во собранието, а по еден пратеник ќе имаат Хрватската граѓанска иницијатива и Албанска алијанса.

TRT Balkan / агенции
Популарни