Кремљ: Договорот за Црноморскиот коридор за жито е суспендиран / Photo: AA

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Договорот за црноморскиот коридор за жито е стопиран и дека Русија ќе се врати на договорот кога ќе се исполнат условите.

Песков зборуваше за Договорот за Црноморскиот коридор за жито, кој истече денеска.

„Договорот за коридорот за жито всушност дојде до својот крај, тој е запрен. Русија веднаш ќе се врати на договорот за жито штом се прифатат релевантните услови. Делот од договорот што се однесува на Русија не е исполнет, рече Песков.

Тој посочи дека суспензијата на договорот нема никаква врска со нападот на мостот на Крим.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова рече дека Москва веќе ги известила Украина, Туркије и ОН дека се противат на продолжување на договорот за жито.

На 22 јули 2022 година, Туркије, Обединетите нации, Русија и Украина потпишаа договор во Истанбул за обновување на извозот на жито од трите украински пристаништа на Црното Море кои беа блокирани од руско-украинската војна.

Во Истанбул е формиран Заеднички координативен центар со официјални лица од трите земји и ОН кои ги надгледуваат пратките.

Првиот брод што превезува жито испловил според историскиот договор на 1 август 2022 година од украинското пристаниште Одеса.

Туркије, која доби меѓународна пофалба за својата единствена посредничка улога меѓу Украина и Русија, постојано ги повика Киев и Москва да ја прекинат војната преку преговори.

TRT Balkan / агенции
Популарни