Либанскиот премиер Наџиб Микати изјави дека прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах може да биде постигнат во наредните денови или часови.
Микати, во изјава за телевизискиот канал Ал-Џадид, рече дека се надева на прекин на огнот по телефонскиот разговор со вишиот советник на американскиот претседател Џо Бајден, Амос Хохштајн.
„Пред телефонскиот повик, не очекував дека ќе дојде до прекин на огнот пред 5 ноември“, рече Микати, додавајќи дека се надева дека прекин на огнот сепак може да се случи во наредните денови или часови по она што му го кажал Хохштајн.
Тој потсети дека Хохштајн презентирал таен предлог до него и претседателот на либанскиот Парламент, Небих Бери, за време на неговата последна посета на Бејрут.
Од друга страна, израелските медиуми објавија документ за кој тврдат дека е нацрт договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах.
Наведуваат и дека документот, нацрт договор напишан од Хохштајн, бил разгледан од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговите помошници, и дека во наредните денови ќе се одржат завршните преговори.