Најмалку 14 лица се убиени во израелските напади врз Либан, со што билансот од октомври минатата година достигна 3.558, соопшти денес либанското Министерство за здравство, јавува Анадолу.
Министерството додаде дека 87 лица биле повредени во нападите во последните 24 часа, со што бројот на повредени се искачи на 15.123.
Израел започна масовна воздушна кампања во Либан од крајот на септември против, како што тврди, позиции на Хезболах, што претставува ескалација на едногодишните прекугранични судири со либанската група од почетокот на војната во Газа.
Израел го прошири конфликтот со започнување копнен упад во јужен Либан на 1 октомври.
AA