Францускиот претседател Емануел Макрон во четвртокот го именуваше Мишел Барние, кој ги водеше долгите и тешки преговори на ЕУ за Брегзит, за нов премиер на земјата. „Претседателот на Републиката го назначи г-дин Мишел Бaрние за премиер. Тој му постави задача да формира обединувачка влада која ќе и служи на земјата и на францускиот народ“, се вели во соопштението на Елисејската палата. Политичарот од десниот центар Барние е поранешен европски комесар и министер за надворешни работи на Франција. Тој подоцна служеше како шеф на Комисијата на ЕУ за односи со Обединетото Кралство и имаше задача да преговара за долгиот и спорниот британски процес на развод од Европската унија.
5 сеп 2024
Макрон го назначи Мишел Барние за нов премиер на Франција
Политичарот од десниот центар, Барние е поранешен европски комесар и министер за надворешни работи на Франција
AA
Поврзани новости
Написи во тренд во оваа категорија
Атина, Букурешт и Софија ќе бараат компензација од ЕУ за скапата струја
Романија најави дека заедно со Бугарија и Грција ќе побараат од Советот на ЕУ исплата на компензација поради „многу повисоките цени“ на електричната енергијата во регионот на Југоисточна Европа во споредба со оние во земјите од Западна Европа.
Што друго би сакале да знаете?
Популарни