Мароко: Земјотресот во Маракеш досега одзеде 632 животи / Photo: AFP

Во разорен земјотрес со интензитет од 7 степени според Рихтер кој го потресе Мароко, животот го загубија најмалку 632 лица, објави мароканското Министерство за внатрешни работи.

Националниот институт за геофизика на Мароко соопшти дека епицентарот на земјотресот бил во регионот Ел-Хуз, недалеку од градот Макареш, во северниот дел на земјата.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 8 километри.

Министерството за внатрешни работи на Мароко информираше дека според првичните податоци, во земјотресот животот го загубиле 296 лица, а 153 се повредени, при што е предизвикана штета во повеќе градови.

Спасувачките екипи ги пребаруваат урнатините во потрага по преживеани.

Градови во кои се регистрирани смртни случаи се Маракеш, Азилал, Агадир, Уарзазат и Чичауа.

Мароканското МВР објави дека локалните институции, полициските сили и тимовите на Цивилната заштита ги мобилизирале сите расположиви средства за да му се пружи неопходната помош на населението погодено од земјотресот.

Голем број спасувачки тимови имаа потешкотии при пристигнувањето до местото на потресот поради оштетените патишта од земјотресот.

Мароканската телевизија „Channel 1“ објави дека земјотресот предизвикал штета во голем број градови.

Порталот „El-Yevm 24“ објави дека од земјотресот се урнале некои згради во Маракеш.

На социјалните мрежи луѓето објавуваат фотографии од сограѓани како излегуваат на улиците по земјотресот, како и од моментите на уривањето на зградите.

Некои медиуми наведуваат дека делови од историскиот град во Маракеш исто така се оштетени од земјотресот.

Локалните весници објавија дека земјотресот, што се случи во 23:10 часот по локално време, се почувствувал и во градовите Казабланка, Мекнес, Агадир и Фес, особено во главниот град Рабат.

Медиумите во Мароко првично објавија дека земјотресот бил со интензитет од 6,8 степени, но подоцна германскиот Центар за сеизмологија соопшти дека земјотресот бил со интензитет од 7 степени.

TRT World
Популарни