Администрацијата на Тел Авив и Хамас сè уште не издале изјава во врска со споменатите тврдења / Photo: AA

Израел наводно го прифатил предложениот договор за нова размена на затвореници и се чека одговор од страната на Хамас, објави „Скај њуз Арабија“.

Информативниот портал објави дека израелски, американски, катарски и египетски претставници вчера одржале состанок во Париз, главниот град на Франција, во врска со размената на затвореници.

Новинските извештаи велат дека Израел го прифатил договорот предложен од земјите посредници, САД, Египет и Катар, за размена на затвореници.

Предлогот денеска беше проследен и до Хамас, а се чека одговор од палестинската група на отпор.

Доколку страните го прифатат предлогот, сите затвореници кои ги држи Хамас ќе бидат ослободени и Израел постепено ќе ги прекине нападите врз регионот.

Иако не се дадени детали за тоа колку долго Израел ќе ги паузира нападите врз Газа ако се постигне договор, претходно во израелските и меѓународните медиуми беше објавено дека овој период може да биде меѓу два и четири месеци.

Се наведува дека доколку страните го прифатат договорот, Израел ќе дозволи да влезе повеќе хуманитарна помош во Газа.

Администрацијата на Тел Авив и Хамас сè уште не издале изјава во врска со споменатите тврдења.

Слични информации доаѓаат и од САД.

„Преговарачите кои се обидуваат да постигнат договор за ослободување на дополнителните заложници кои ги држеше палестинската група Хамас развија „рамка“ што може да доведе до евентуален договор, соопшти Белата куќа.

Портпаролот на Советот за национална безбедност, Џон Кирби, ги опиша тековните разговори како „конструктивни“, но тврди дека иако е постигнат напредок, не постои „договор што е на маса и непосредно подготвен да се објави“.

„Сметаме дека тука постои рамка за уште еден договор за заложници што навистина може да направи разлика во однос на извлекување на повеќе заложници, добивање поголема помош и всушност намалување на насилството, а тоа би ги намалило, се разбира, цивилните жртви. “, рече тој.

AA
Популарни