Матарела: Мора да се избегне понатамошна ескалација во регионот. / Photo: AA

Италијанскиот претседател Серџо Матарела изјави денеска на седницата на Генералното собрание на ОН дека Израел треба да избегне воена операција во градот Рафах во јужниот дел на Појасот Газа, откако ја презеде контролата врз преминот во близина на тој град меѓу палестинската енклава и Египет.

Тој истакна дека мора да се избегне понатамошна ескалација во регионот.

„Се приклучувам на повикот на генералниот секретар Антонио Гутереш да се избегне воена операција во Рафа поради драматичните последици што може да ги има врз цивилите“, рече Матарела.

Тој ја истакна важноста од продолжување на финансирањето на Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА), која некои западни земји ја прекинаа откако Израел обвини дека 12 членови на персоналот биле поврзани со нападот на Хамас на 7 октомври.

„Треба да ја разгледаме суштинската функција што ја извршува УНРВА и важноста од континуираното финансирање“, рече Матарела.

TRT Balkan / агенции
Популарни