Бројот на загинати од новогодишниот земјотрес во Јапонија надмина 200, а најмалку 120 лица се уште се водат како исчезнати додека потрагата по преживеани продолжува, соопштија властите во вторникот.
Земјотресот со јачина од 7,6 степени во провинцијата Ишикава ја уништи инфраструктурата и ги зафати далноводите.
Персоналот за пребарување и спасување во кој учествуваат илјадници војници се борат со суровите временски услови и оштетените патишта за да ги извлечат затрупаните под урнатините.
Крајбрежниот град Ваџима беше најтешко погоден, додека илјадници луѓе сè уште престојуваат во центрите за евакуација во Ишикава, од кои многумина се заразени со КОВИД-19.
Повеќе од 3.300 луѓе се уште се недостапни поради уништени патишта. За да ги задоволат потребите на болните, компаниите за дронови ги исфрлаат основните лекови во областите отсечени поради лизгање на земјиштето.
Метеоролошката агенција ги предупреди луѓето да останат внимателни бидејќи продолжуваат сеизмичките активности во регионот. Се вели дека Јапонија, која се смета за подложна на земјотреси, била погодена од стотици потреси со мала јачина од 1 јануари.