Најголемиот шпански глечер Ането може да се стопи за десет години / Photo: AA

Научниците предупредија дека најголемиот глечер Ането на Пиринеите во Шпанија би можел целосно да се стопи во следните десет години поради високите температури.

Весникот „Ел Паис“ наведува дека група истражувачи од Пиринејскиот институт за екологија пронашле формации кои содржат саѓи, бактерии и честички од карпи на дното на најголемиот глечер во земјата, Ането.

Утврдено е дека црните мукозни формации го забрзуваат топењето на глечерите.

Истражувачот Начо Лопез-Морено и неговиот тим ја измериле дебелината на глечерот користејќи го земјиниот радар (GPR).

Научниците утврдиле дека стапката на топење на Ането е тројно зголемена од 1981 година. Само минатата година се стопил триметарски слој од глечерот, а од 1981 година дури 30 метри. Глечерот изгубил 64 отсто од својата маса.

Истражувачите објавија дека на Пиринеите има 21 глечер, од 52 во 1850 година. Постојните глечери изгубиле до 91 отсто од нивната површина.

„Глечерот во последните години секоја година губи по 1,5 метар. Под претпоставка дека неговата просечна дебелина е 11 метри, глечерот не може долго да трае“, рече Лопез-Морено, додавајќи дека глечерот Ането може да исчезне за десет години.

Третиот екстремен топлотен бран во Шпанија летово го собори рекордот со највисока измерена температура на воздухот од 1928 година.

Шпанскиот метеоролошки институт (АЕМЕТ) објави дека на 18 јули во областа Фигерес во Жирона е измерена рекордна температура од 45,4 степени Целзиусови.

AA
Популарни