Најмалку 12 индонезиски морнари се водат како исчезнати откако товарен брод потона во невреме во близина на брегот на Тајван.
Бродската несреќа се случи вчера среде тропската бура Налгау, а надлежните служби се уште спроведуваат акција за пребарување и спасување во исклучително тешки временски услови.
Петмина морнари од Индонезија се спасени од потонатиот брод, а по 12 исчезнати се уште се трага.
Весникот „Тајван њуз“ јавува дека потонатиот товарен брод Шин Шуен, кој пловел под панамско знаме, потонал во брановите во близина на пристаништето Каосиунг.
AA