Најмалку 129 лица загинаа, а 59 се повредени при обид за бегство од затвор во Демократска Република Конго, потврди ова утро министерот за внатрешни работи Жакмен Шабани.
Во понеделникот е пријавен инцидент во најголемиот национален затвор „Макала“ во главниот град Киншаса.
„Моментниот број на загинати изнесува 129, од кои 24 лица ги загубиле животите од истрели од огнено оружје, по дадено предупредување. Другите жртви починале од туркање или задушување. Има и 59 повредени лица што се згрижени од власта“, објави Шабани на социјалната мрежа Х.
AA