Вкупната штета од невремето на земјоделците се проценува на 22 милиони долари, а оштетена е и инфраструктура вредна 13 милиони долари.     Фото: Ројтерс

Тропската бура Налга ги погоди Филипините, а 130 луѓе загинаа во поплавите и повеќекратните лизгања на земјиштето, додека повеќе од 100 се повредени, а 33 се водат како исчезнати.

Претседателот на Филипините, Фердинанд Маркос, со хеликоптер ја посети јужната покраина Филипини, која беше најпогодена од катастрофата и доби увид во штетите.

„Кога ги посетивме областите кои најмногу настрадаа, забележав дека смртоносните одрони се случија во планините кои беа соголени поради интензивното уништување на шумите што трае со години“, рече Маркос.

Налгa е веќе 14-ти циклон што ги погоди Филипините оваа година, а овој пат најтешко беше погоден јужниот автономен регион Бангсаморо.

Вкупната штета од невремето на земјоделците се проценува на 22 милиони долари, а оштетена е и инфраструктура вредна 13 милиони долари.

TRT Balkan / агенции
Популарни