Најмалку двајца цивили загинаа, а 11 се повредени во ракетен напад на Украина врз трговскиот центар Галактика во градот Доњецк, јавија локалните медиуми.
Бројот на жртвите се очекува да се зголеми, бидејќи многу луѓе биле внатре во трговскиот центар во моментот на нападот, јави руската државна новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на извори од органите на редот.
„Прелиминарно има информации за најмалку двајца загинати во трговскиот центар Галактика,“, соопшти новинската агенција.
Украина изврши напад со повеќе проектили, еден од нив погоди болница, други блиски станбени згради.
Според новинската агенција по воздушниот напад избувна пожар во трговскиот центар, при што службите за итни случаи имаат потешкотии да стигнат до луѓето во трговскиот центар додека гранатирањето продолжува.
Во меѓувреме, рускиот претседател Владимир Путин свика состанок на Советот за национална безбедност на кој ќе се разговара за тековната ситуација во Украина и за „специјалната воена операција“ на Русија.