Возчот, кој тврди дека автомобилот нагло забрзал, нема историја на возење во пијана состојба / Photo: AA

Најмалку девет лица загинаа, а четворица се повредени кога автомобил удрил во пешаци во центарот на Сеул, соопшти јужнокорејската противпожарна служба.

Шест лица починале на самото место, додека тројца биле пренесени во болница и биле прогласени за мртви, јави јужнокорејската новинска агенција Јонхап.

Од четворицата повредени, тројца се во критична состојба, соопштија надлежните.

Несреќата се случила на раскрсница во близина на градското собрание во Сеул во 21:30 часот по локално време. Автомобилот го управувал 68-годишен маж, кој на семафор налетал на пешаците.

Полицијата соопшти дека возилото се движело во погрешен правец, се судрило со две возила пред да се втурне во толпата. Возачот е уапсен на местото на несреќата и пренесен во болница.

Тој тврди дека автомобилот нагло забрзал и нема историја на возење во пијана состојба.

Полицијата ги истражува околностите на несреќата.

Претседателот Џун Сук Џеол им нареди на официјалните лица да вложат максимални напори за да ги спасат погодените и да им ја дадат потребната помош.

Џун издаде итна наредба до министерот за внатрешни работи Ли Санг-мин и началникот на противпожарните власти, изјави претседателскиот портпарол Ким Су-кјунг.

AA
Популарни