Пожарот избувнал во понеделникот вечерта во изложбениот салон за скутери лоциран во подрумот на катната зграда Фото: Ројтерс

Најмалку осум лица загинаа, а девет други се повредени откако избувна пожар во изложбен салон за електрични скутери и зафати хотел во индиската јужна држава Телангана, соопшти во вторникот полицијата.

Според полицијата, пожарот избувнал во понеделникот вечерта во изложбениот салон за скутери лоциран во подрумот на катната зграда и се проширил во хотелот на горните катови во градот Секундерабад.

Полицискиот претставник Чандана Дипти изјави дека осум лица загинале, а девет други се примени во болница.

Локалните власти велат дека пожарот е ставен под контрола и се води истрага за причините за негово избувнување.

Видеата кои кружат на социјалните мрежи ги прикажуваат гостите во хотелот како скокаат од прозорците за да си го спасат животот.

Индискиот премиер Нарендра Моди изјави дека е „тажен поради загубата на животи поради пожарот во Секундерабад“.

„Сочувство до семејствата на загинатите. Нека оздрават наскоро повредените “, се вели во неговиот твит од канцеларијата.

Моди, исто така, најави 2.530 долари компензација за роднините на секој починат и и 630 долари за повредените.

AA
Популарни