Локални официјални претставици му рекле на Нетанјаху дека повеќето Израелци, кои го напуштиле регионот поради ракетните напади од Газа, не сакаат да се вратат во пограничните региони Photo: AA

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека нападите врз Појасот Газа би можеле да продолжат во 2025 година.

„Нетанјаху говореше за нападите на Израел врз Газа на состанокот во Биру Себа, во близина на Појасот Газа, на кој присуствуваа високи безбедносни и локални претставници“, објави израелскиот „Канал 12“.

Наведено е дека Нетанјаху на официјалните претставници на состанокот им рекол дека „според сегашната процена, израелските напади врз Газа би можеле да продолжат следната година“.

Локалните официјални лица му рекле на Нетанјаху дека повеќето Израелци, кои го напуштиле регионот каде што живееле поради ракетните напади од Газа и други безбедносни причини, не сакаат да се вратат во пограничните региони.

Началникот на Генералштабот, Херзи Халеви, на состанокот со Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант, изјави дека „добивките постигнати како резултат на нападите во Газа, кои траат повеќе од три месеци, може да бидат изгубени поради недостиг на план за управување и безбедност на регионот“, објави „Канал 13“.

„Се соочуваме со ерозија на досегашните успеси во војната бидејќи не е креирана стратегија за следниот ден“, рече Халеви.

Портпаролот на израелската војска, Даниел Хагари, во изјавата на 1 јануари рече дека очекуваат нападите врз Газа да продолжат во текот на 2024 година.

TRT Balkan / агенции
Популарни