Два дена по телефонскиот разговор со американскиот претседател Џо Бајден, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави видео во кое вели дека наскоро ќе одобри план за евакуација на цивилното население од воената зона.
Тој рече дека ја цени поддршката на Бајден и дека претседателот побарал од него да ги претстави американските предлози за хуманитарна помош и други аспекти од војната, објави „Тајмс оф Израел“.
Нетанјаху во недела ги испраќа своите најблиски соработници во Вашингтон.
Оперативниот план, како што рекол Нетанјаху, е веќе одобрен.
„ “, посочи Нетанјаху.
Тој наведе дека израелските сили продолжуваат да работат во Кан Јунис, во централните кампови, за да ги елиминираат и апсат високите функционери на Хамас како што направија во болницата Ал Шифа, притоа елиминирајќи стотици терористи.
„Како што ви ветив повторно и повторно, ние сме решени да постигнеме апсолутна победа и тоа ќе го направиме“, нагласи Нетанјаху.