Нов Зеланд го погоди земјотрес со магнитуда од 7,1 степен / Photo: AA Archive

Нов Зеланд го погоди земјотрес со магнитуда од 7,1 степен според Рихтеровата скала.

Американскиот геолошки завод (USGS) објави дека епицентарот на земјотресот бил на островите Кермадек.

Според првичните податоци, во земјотресот со магнитуда од 7,1 степен по Рихтер, што се случил на длабочина од 49 километри, нема човечки жртви ниту материјална штета.

По земјотресот не е издадено предупредување за цунами.

Островите Кермадек се суптропски островски лак во јужниот Тихи Океан на околу 800 до 1.000 километри североисточно од Северниот Остров на Нов Зеланд.

Островите се дел од Нов Зеланд и се ненаселени.

TRT Balkan / агенции
Популарни