Во земјотресот од 21 ноември загинаа 331 лице, а беа повредени околу 600 луѓе, 56.311 куќи беа оштетени во Цирањанг.         Фото: Ројтерс архива

Нов земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди островот Јава во Индонезија.

Американскиот геолошки институт (USGS) соопшти дека земјотресот, кој се случил на 14 километри северозападно од градот Цирањанг во провинцијата Западна Јава, бил регистриран на длабочина од 123 километри.

По земјотресот, кој беше почувствуван во главниот град Џакарта и не беа регистрирани човечки жртви, не беше издадено предупредување за цунами.

УСГС потсети дека земјотресот од 5,6 степени, што се случи на 21 ноември, на 18 километри југозападно од градот Цирањанг во индонезиската провинција Западна Јава, е регистриран на длабочина од десет километри.

Како резултат на земјотресот, во кој загинаа 331 лице, а беа повредени околу 600 луѓе, 56.311 куќи беа оштетени во Цирањанг, а 73.693 луѓе беа раселени.

AA
Популарни