Нападот бил извршен со ракети од системот С-300 / Фото: AA

Русија изврши напад со ракети С-300 врз градот Харков во источна Украина, погодувајќи го хотелот во кој престојуваа новинарите на Анадолу, објавија украинските власти.

Олег Синегубов, началник на воената управа на Харковската Област рече дека во нападот што бил извршен во 22:30 часот по локално време, е погоден хотел во кој имало над 30 цивили, и дека повредени се 11 лица.

Тој изјави дека меѓу повредените има и турски новинари кои престојувале во хотелот.

Вчера (10 јануари), на Денот на новинарите, Давит Качкачишвили и Озге Елиф Кизил, кои беа на должност, успеаја да побегнат од погодениот хотел, кој беше зафатен со пламен.

Качкачишвили има помали исеченици на рацете. Со возило на Брза помош се пренесени во болница на детален преглед.

Возилото што го користи тимот исто така е оштетено и е во неупотреблива состојба, како и многу други возила кои биле во близина на хотелот.

AA
Популарни