Најмалку 20 лица загинаа во автобуска несреќа денес во Пакистан, јавуваат локалните медиуми.
Несреќата се случила во југозападната провинција Балуџистан кога патнички автобус паднал во канал, објави весникот „Доун“.
Меѓу загинатите има жени и деца, а повредените се примени во локалната болница.
Според наводите, автобусот возел кон главниот град на покраинската престолнина Квета од градот Турбат.
AA